Претходна статија
ЕЛЕМ пушти во употреба когенеративна електрана во Скопје
Следна статија
Нови спортски објекти во Карпош и Трубарево

Струмица се разубавува

Објавено на 21.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Визија за плоштадот „Гоце Делчев“ во СтрумицаВо Струмица се во тек повеќе проекти и активности во правец на создавање на поубав и попријатен град. Меѓудругото неодамна беше најавен и проектот за уредување на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Тој ќе биде целосно реконструиран и ќе добие ново архитектонско решение. Истовремено ќе се решава и сообраќајот во тој дел од градот преку оформување на компактна пешачка зона на површината и подземно решение за сообраќајниците кои сега поминуваат кај плоштадот. Предвидена е и подземна гаража за 86 возила. Финансиите вредни 4 милиони евра ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет. Градежните работи треба да почнат во март.


Општината го најави и проектот „Струмичани… за поубава Струмица“, со кој локалните бизниси ќе можат да се вклучат во уредувањето и разубавувањето на својот град. Тие треба да обезбедат финансии, материјали и услуги за обновување на старите фасади во централното градско подрачје. Тони Милушев од одделението за локален економски развој на општината вели дека се планира проектот да се реализира континуирано и во наредните години, а дека во 2010 ќе бидат опфатени 20 колективни станбени згради. Според градоначалникот Заев, неколку фирми веќе пројавиле интерес за учество.


Во сличен правец општината делува и заедно со граѓанскиот сектор. Меѓудругото, во сорабтка со еколошкото друштво „Планетум“, веќе трета година се реализира проектот за уредување и озеленување на просторите пред колективните станбени згради и промовирање на современ и здрав стил на живеење. Во рамките на овој проект досега се опфатени  десетина објекти, а активностите продолжуваат и годинава.


Реновирање на „Стара Нама“     # Фото: AddvertВо тек се работите и врз еден од позначајните постари објекти во Струмица. ПроКредит Банка за свои потреби моментално ја реновира познатата „Стара Нама“. Објектот граден во периодот 1926-1928 година се наоѓа на аголот на улиците Сандо Масев и Благој Мучето. Со својата положба и архитектура завзема доминантно место во рамките на амбиенталната градска целина во централното градско јадро.




Форумска дискусија за плоштадот „Гоце Делчев“ –> овде


Форумска дискусија за објектот „Стара Нама“ –> овде