» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Форум
Почна реализацијата на комплексот на ФФМ

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, претседателот на Фудбалската федерација Харалампие Хаџи Ристески и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, денеска присуствуваa на свеченото поставување на камен темелник за изградба на четири фудбалски игралишта во општина Аеродром, кои ќе бидат дел од тренинг центарот на ФФМ. На церемонијата исто така присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Илиев и повеќе репрезентативци на националната селекција, предводени од Горан Пандев.


Локацијата на комплексот познат и под името „Куќа на фудбалот“, ќе биде покрај реката Вардар кај населбата Ново Лисиче. Земјиштето го обезбедија Општина Аеродром и Министерството за транспорт и врски. Државата преку Агенцијата за млади и спорт учествува и со 780 илјади евра за четирите игралишта за кои камен темелник беше поставен денес. Ќе ги гради конзорциум составен од хрватската фирма „Конструктор“ и домашната „Македонија инвест“, а се очекува да бидат завршени за седум месеци. Овие терени се воедно и дел од проектот за 50 фудбалски игралишта ширум државата. По нивното завршување ќе бидат дадени на користење на ФФМ.


Покрај нив во рамките на комплексот ќе се гради и осветлен стадион за повеќе од 3.000 гледачи со вештачка трева, како и управна зграда на Фудбалската федерација. Средствата за стадионот и за зградата ги обезбеди ФФМ од свои извори и преку „Хет Трик“ програмата на УЕФА, од каде на Македонија за оваа цел и се доделени 2,8 милиони евра. Се најавува дека фудбалскиот центар ќе содржи се што е потребно за врвен тренинг. Граѓаните ќе можат да ги следат тренинзите, а ќе можат и самите да ги користат терените во соодветни термини. Инаку проектот првично беше планиран во Општина Карпош, на простор во близина на салата „Борис Трајковски“, но поради имотно-правни проблеми беше префрлен на сегашната локација.

Тагови: , , , , ,



Поврзани вести

08.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Илуминација на Скопско кале
07.09.2010 Новиот паркинг кај транспортниот центар пуштен во употреба
01.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“
31.08.2010 Се отвара новиот „Веро центар“ во Скопје
29.08.2010 БЛИЦ ВЕСТ: Комплетирана лавовската стража на мостот „Гоце Делчев“
28.08.2010 Протече фонтаната на Тоше во Ново Лисиче
24.08.2010 Поставени два лава на мостот Гоце Делчев
18.08.2010 Реконструкција и проширување на улица Волково
17.08.2010 Се проширува улица Белградска
11.08.2010 Напредуваат работите на булеварот Илинден




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе