Работници на градежното претпријатие „Бетон“ вчера го оградија тревникот во центарот на плоштадот „Македонија“. Во наредниот период ќе се работи на подготовка на инфраструктурата за потребите на фонтаната со споменикот на Александар Македонски. Од Општина Центар се уште не знаат дали ќе се искористат веќе постоечките инсталации за претходната планирана фонтана, кои беа изградени во времето на градоначалникот Ристо Пенов и кои чинеа 200.000 евра. Дополнително ќе се утврдува дали тие инсталации ќе бидат корисни, дали евентуално ќе се надградува нивниот капацитет, или целосно ќе треба да се изградат нови.
Од завчера се работи и на подготвување на теренот за споменикот на Методија Андонов – Ченто на аголот пред кафулето „Тренд“. Споменикот е изработен од скулпторот Димитар Филиповски, а се најавува негово поставување до април. До крајот на јули се очекува да пристигнат и спомениците на Св. Климент и Наум Охридски, Св. Кирил и Методиј и на Карпош.
Тагови: Бетон Скопје, Мал Ринг, Плоштад Македонија, Плоштади, Скопје, Скопје 2014, Споменик на Александар Македонски, Споменици и скулптури
Поврзани вести
08.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Илуминација на Скопско кале
07.09.2010 Новиот паркинг кај транспортниот центар пуштен во употреба
01.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“
31.08.2010 Се отвара новиот „Веро центар“ во Скопје
29.08.2010 БЛИЦ ВЕСТ: Комплетирана лавовската стража на мостот „Гоце Делчев“
28.08.2010 Протече фонтаната на Тоше во Ново Лисиче
24.08.2010 Поставени два лава на мостот Гоце Делчев
18.08.2010 Реконструкција и проширување на улица Волково
17.08.2010 Се проширува улица Белградска
11.08.2010 Напредуваат работите на булеварот Илинден
Најчитани објави
Објавено на: 24.08.2010 |
Објавено на: 29.08.2010 |
Објавено на: 01.09.2010 |
Објавено на: 31.08.2010 |
Објавено на: 28.08.2010 |
| Acela Express - најбрзиот воз во САД | |
| Acela Express е експресен воз на американската компанија Амтрак што сообраќа помеѓу Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк и Бостон. Со максимална брзина ... | |
Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.
» ПовеќеПопуларни тагови
Катни гаражи Комерцијални Кредити Охрид Административни Бетон Скопје Булевари и улици Градска инфраструктура Гранит Деловни Енергетика Паркинг Прилеп Скопје 2014 Споменици и скулптури Спортски Спортски сали Станбени Струмица Супермаркети Тендери и лицитации Трговски центри Урбанистички планови Хотели Реновирање и реконструкција
Каталог на тагови
Актуелно на форумот



