Вчера беше пуштен во работа новиот Диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електрична енергија на Електрани на Македонија. Диспечерскиот центар, кој чини 2,2 милиони евра, заедно со АМР системот за далечинско мерење од швајцарската компанија „Телегир“ (инсталиран во 2009 година), вреден 700 илјади евра, формираат комплексен систем за контрола, мерење, надзор и управување со производствените капацитети на ЕЛЕМ.
Преку диспечерскиот центар континуирано ќе се следат временските промени, нивото на акумулациите, очекуваните количини на водени дотоци, ќе се пресметуваат потребите за електрична енергија во земјата и ќе се изготвуваат планови за производство според потребите. Инвестицијата се очекува да овозможи оптимизација и координација на домашното производство на енергија, а со тоа оптимално штедење и солидно управување со природните ресурси. Хардверот и софтверот за центарот се дело на германски Сименс.
Диспечерскиот центар и АМР системот се само дел од опремата на SCADA системот (supervisory control and data acquisition). Во негови рамки координирано ќе функционираат три целини. Првата ќе се грижи за погонската подготвеност на производствените капацитети и нивното усогласување со пријавените потреби од електрична енергија во земјата и врз основа на тие параметри ќе изготвува планови за работа на капацитетите. Втората, врз основа на утврдените производствени планови ќе врши водење на енергетските капацитети, надзор и управување. Третата, врз основа на утврдените планови за производство и побарувањата од електрична енергија ќе ги утврдува можните вишоци на расположивата енергија која би се нудела на слободниот пазар преку новата компанија ЕЛЕМ-Трејд.
Тагови: ЕЛЕМ, Енергетика, Инфраструктура, Сименс
Поврзани вести
18.08.2010 Реконструкција и проширување на улица Волково
17.08.2010 Се проширува улица Белградска
14.08.2010 Сапсан се шири низ руските пруги
11.08.2010 Напредуваат работите на булеварот Илинден
29.07.2010 Railjet патување од соништата
28.07.2010 Профункционираа велосипедските пунктови во Скопје
27.07.2010 Се реконструира дел од Првомајска
26.07.2010 Улицата Македонска Војска се пробива кон Вардар
24.07.2010 Отпочна санацијата на свлечиштето на магистралниот пат Битола - Ресен
19.07.2010 Велосипед ДА, но КОГА и КАКО?
Најчитани објави
Објавено на: 24.08.2010 |
Објавено на: 29.08.2010 |
Објавено на: 01.09.2010 |
Објавено на: 31.08.2010 |
Објавено на: 28.08.2010 |
| Acela Express - најбрзиот воз во САД | |
| Acela Express е експресен воз на американската компанија Амтрак што сообраќа помеѓу Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк и Бостон. Со максимална брзина ... | |
Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.
» ПовеќеПопуларни тагови
Катни гаражи Комерцијални Кредити Образовни Охрид Административни Бетон Скопје Булевари и улици Градска инфраструктура Гранит Деловни Енергетика Паркинг Прилеп Скопје 2014 Споменици и скулптури Спортски Станбени Струмица Супермаркети Тендери и лицитации Трговски центри Урбанистички планови Хотели Реновирање и реконструкција
Каталог на тагови
Актуелно на форумот



