Четвртиот анти-кризен пакет на Владата, кој беше промовиран вчера, се состои од 24 мерки, од кои дел се насочени кон урбанизмот, градежништвото и пазарот на недвижности. Пакетот меѓудругото содржи:
-Намалување на надоместокот за приватизација на граджното земјиште кај правните лица за 30%.
-Измени во Законот за денационализација, односно скратување на постапката која како и со останатите Управни постапки ќе добива извршност со Решението на Второстепената комисија за денационализација.
-Измени и надополнување на Законот за домување со кои ќе се овозможи откуп на станови во државна сопственост од страна на носители на станарско право, а кои имаат долг по основ на неплатени закупнини. Долгот ќе се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се уплатува во период утврден во договорот.
-Измени во Законот за градење со цел скратување на постапката (да не се издава одобрение за употреба на објект односно извештајот на комисијата за технички преглед да биде конечен).
-Измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање во правец на продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.
-Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење (продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија – 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).
-Измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање Сл.В. бр.91/2009 во членот 17а (да се додаде дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена).
-Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација, како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење.
-Скратување на постапката за изработка на ГУП, при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП-овите.
-Изградба на повеќе придружни натпатници на Коридор 8 и Коридор 10 и вцртување на маркици за изградба на комерцијални објекти, со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развојот националната економија.
Тагови: Легислатива, Урбанистички планови
Поврзани вести
29.07.2010 Мал Ринг на повторна јавна презентација и анкета
30.06.2010 Мал Ринг падна на Уставен суд
28.06.2010 Предложени измени и дополнувања на Законот за градење
24.06.2010 Сончев Град падна на Уставен суд
19.05.2010 Мал Ринг сепак под лупа на Уставниот суд
08.05.2010 Тунелот „под Кале“ внесен во ДУП
29.04.2010 Уставниот суд неодлучен за Малиот Ринг
18.03.2010 Се крои нов просторен план за скопскиот регион
13.02.2010 Откупен центар во Струмица и агроберза во Кочани
11.02.2010 „Скопје 2014“ оди на Уставен суд
Најчитани објави
Објавено на: 24.08.2010 |
Објавено на: 29.08.2010 |
Објавено на: 01.09.2010 |
Објавено на: 31.08.2010 |
Објавено на: 28.08.2010 |
| Acela Express - најбрзиот воз во САД | |
| Acela Express е експресен воз на американската компанија Амтрак што сообраќа помеѓу Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк и Бостон. Со максимална брзина ... | |
Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.
» ПовеќеПопуларни тагови
Катни гаражи Комерцијални Кредити Образовни Охрид Административни Бетон Скопје Булевари и улици Градска инфраструктура Гранит Деловни Енергетика Паркинг Прилеп Скопје 2014 Споменици и скулптури Спортски Станбени Струмица Супермаркети Тендери и лицитации Трговски центри Урбанистички планови Хотели Реновирање и реконструкција
Каталог на тагови
Актуелно на форумот



