» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Форум
Одржано вонредното собрание на ААМ

На вечерашното вонредно собрание на ААМ (Асоцијација на архитекти на Македонија) присутните акламативно застанаа зад ставовите изнесени во изјавата која ја прочита новата претседателка на асоцијацијата, Даница Павловска, а кои биле подготвени врз основа на реакциите на членовите по повод проектот „Скопје 2014“. Павловска нагласи дека собранието е една од првите нивни активности кои треба да означат транспарентност и отвореност, а целта не е да се напаѓа, туку да се отвори процес на договарање. Таа изрази жалење бидејќи стручната јавност не била  доволно информирана и инволвирана, и апелираше за зачестени тематски стручни средби.


Професорот Михаил Токарев, кој беше модератор на дебатата истакна дека „Скопје 2014“ не добил  ниту едно позитивно мислење од светските авторитети во архитектурата.

-Архитектурата сега се враќа назад во почетокот на 19-от век кога од страна на академиите на архитектура беа диктирани стиловите за тоа какви ќе бидат државните објекти, училиштата, управните згради. На таков начин се враќаме назад дури и техничките згради како што се катните гаражи да имаат стил, па дури и непостоечки каков што е неоромантизмот – изјави Токарев


На собранието, иако поканети, не  присуствуваа претставници на Министерството за транспорт и врски, градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар, како и други инволвирани во проектот. Од собирот ќе биде упатено отворено писмо до нарачателот и творците на „Скопје 2014“.

Тагови: , , ,



Поврзани вести

08.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Илуминација на Скопско кале
07.09.2010 Новиот паркинг кај транспортниот центар пуштен во употреба
01.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“
31.08.2010 Се отвара новиот „Веро центар“ во Скопје
29.08.2010 БЛИЦ ВЕСТ: Комплетирана лавовската стража на мостот „Гоце Делчев“
28.08.2010 Протече фонтаната на Тоше во Ново Лисиче
24.08.2010 Поставени два лава на мостот Гоце Делчев
18.08.2010 Реконструкција и проширување на улица Волково
17.08.2010 Се проширува улица Белградска
11.08.2010 Напредуваат работите на булеварот Илинден




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе