» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Форум
На продажба бројни државни локации во повеќе општини

Министерството за транспорт и врски деновиве објави повеќе огласи за отуѓување на државно градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Во Велес се продаваат девет градежни парцели за мало стопанство, дел од „Комплекс УЗУС Велес“. Парцелите се со големина помеѓу 679 и 867 метри квадратни, а почетната цена е 700 денари за квадрат. Во Зрновци, за иста намена се продаваат осум парцели помеѓу 1169 и 1697 метри квадратни, со почетна цена од 300 денари. Во општина Василево се продава земјиште за бензинска пумпа кај село Градашорци со површина од 7226 метри квадратни и почетна цена од 500 денари. Министерството продава и парцели за индивидуално домување во Виница и Прилеп, како и парцели за викенд куќи во општина Македонски Брод, предвидени со ДУП за село Здуње Блок 1.


Тагови: , , , , , , , , , ,



Поврзани вести

24.08.2010 „Јахја Кемал“ ќе гради средно училиште во Општина Боговиње
18.08.2010 Реконструкција и проширување на улица Волково
17.08.2010 Се проширува улица Белградска
14.08.2010 Сапсан се шири низ руските пруги
11.08.2010 Напредуваат работите на булеварот Илинден
05.08.2010 Во Штип продадено земјиште за трговски центар и станбен објект
03.08.2010 Нови спортски сали во југоисточна Македонија
29.07.2010 Railjet патување од соништата
28.07.2010 Продадено земјиште спроти ТЦ Бисер за 600 евра за метар квадратен
28.07.2010 Профункционираа велосипедските пунктови во Скопје




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе