» Вести» Проекти» Мапа» Компании» Форум
Привршува изградбата на објектот „Сан Марко“

За неколку месеци Скопје ќе добие нови 5.400 метри квадратни современ деловен простор, на атрактивна локација во центарот на градот, во непосредна близина на плоштадот „Македонија“. При крај е изградбата на административно-деловниот објект „Сан Марко“, инвестиција на истоимената фирма во Сан Марковредност од околу девет милиони евра. Привршува поставувањето на фасадата, а во моментов интензивно се работи во внатрешноста.


„Сан Марко“ е висок 29 метри и има осум надземни нивоа и поткровје, како и две подземни нивоа. Подземниот паркинг простор е со капацитет за 24 возила. Секој надземен кат има океанска канцеларија со големина од 400 метри квадратни и широк панорамски поглед. На поткровјето кое има форма на пресечена купола е предвидена конференциска сала. Зградата е оптимизирана да биде максимално функционална без разлика дали просторот ќе биде купен или закупен, целосно или од повеќе различни субјекти.


Фасадата на елиптичниот дел на објектот е изведена со заоблени стакла со Ug вредност од 1,1 W/m²K и брисолеи од „печено“ стакло. Другиот дел на објектот е покриен со издржлива Карактеристичен катвентилирана фасада од керамички плочки. Плочките се рапави, а експонираниот дел на релјефот е лакиран, со што ќе се добие несекојдневен визуелен ефект. На овој дел се поставени и огледални стакла кои покрај разиграност на фасадата обезбедуваат и продор на светлина.


„Сан Марко“ почна да се гради во април 2008. Проектот е изработен во Магос Дизајн (сега ГМС), а автор е Ѓорѓи Мојсов, со Оливија Мојсова како консултант и со Виолета Бошковска и Ленче Тошевска како соработници. Главен изведувач е градежното претпријатие „Илинден“, специфичните челични профили за поткровјето ги изработи „Актива“ од Штип, додека за фасадата и ентериерот задолжен е „Торакс“ од Скопје. Надзорот е доверен на „Реминг Инженеринг“.




Форумска дискусија за овој проект –> овде

Тагови: , , , , , , , ,



Поврзани вести

08.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Илуминација на Скопско кале
07.09.2010 Новиот паркинг кај транспортниот центар пуштен во употреба
01.09.2010 ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“
31.08.2010 Се отвара новиот „Веро центар“ во Скопје
29.08.2010 БЛИЦ ВЕСТ: Комплетирана лавовската стража на мостот „Гоце Делчев“
28.08.2010 Протече фонтаната на Тоше во Ново Лисиче
24.08.2010 Поставени два лава на мостот Гоце Делчев
18.08.2010 Реконструкција и проширување на улица Волково
17.08.2010 Се проширува улица Белградска
11.08.2010 Напредуваат работите на булеварот Илинден




RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis

Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.

» Повеќе