Претходна статија
Продажба на градежно земјиште во Негорци
Следна статија
Нов обид и за „Хиподром“

Облакодери и хотели во Аеродром

Објавено на 08.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Индустриска зона – урбана единица ВВладата повторно се обидува да ја спроведе својата замисла за изградба на облакодери во општината Аеродром. Министерството за транспорт и врски распиша втор оглас за продажба на земјиштето на Булевар Србија во близина на бензинската пумпа на Макоил. Според деталниот урбанистички план „Индустриска зона – урбана единица В“, на тоа место се дозволени објекти со приземје и 124 спрата или максимум 500 метри височина. Со новиот оглас се бара да се изградат најмалку три згради, секоја од нив со најмалку 33 спрата. Согласно планската документација основна класа на намена е А2  (домување во станбени згради), со можност за компатибилни класи на намена до 40% од основната: Б1 (мали комерцијални и деловни намени), Б2 (големи трговски единици), Б4 (деловни простории), В3 (култура), В4 (деловни институции), В5 (верски институции) и Д3 (спорт и рекреација). Градежната парцела B.6.1 е со вкупна површина од 21.150 метри квадратни. Површината за градење е 14.873  метри квадратни, бруто развиената површина е 295.000 метри квадратни, процентот на изграденост изнесува 70%,  додека коефициент на искористеност 13,88.


Продажбата ќе се спроведе по пат на јавно наддавање кое е закажано на 14.05.2010, а пријавувањето на евентуално заинтересираните ќе трае до 07.05.2010. Се нуди почетна цена за метар квадратен од 4.600 денари, односно 97.200.000 за целото земјиште, или нешто над 1,5 милиони евра. Услов за најповолниот понудувач е да обезбеди одобрение за градба во рок од девет месеци од потпишувањето на договорот и финализација на градбата во рок од шест години сметано од денот на добивање на одобрение. Минатогодишниот обид за реализација на истиот проект под слични услови заврши неуспешно. На тогашниот оглас не се јави ниту еден заинтересиран. Тогаш минималната прифатлива висина на објектите според условите во документацијата изнесуваше 25 наместо 33 спрата. Метар квадратен се нудеше за почетна цена од 7000 денари, а инвеститорот беше обврзан одобрение за градба да обезбеди најдоцна за шест месеци.


Извадок од ДУП Јане Сандански – урбана единица ГПокрај земјиште за облакодери, од министерството на лицитација нудат и две парцели за хотели на Булевар АВНОЈ, покрај реката Вардар. Тие се предвидени со деталниот урбанистички план „Јане Сандански – урбана единица Г“. Според ДУП-от објектите треба да имаат најмногу приземје и 5 спрата и максимална висина до венец до 20 метри. Парцелите се со големина од 5.175 и 11.972 метри квадратни, а максималната површина за градба изнесува 3.305 и 4.820 метри квадратни последователно. Обете се нудат со почетна цена од 6.000 денари за квадрат и покрај големата разлика во процентот на изграденост. Рокот за доставување на пријави е до 12.05.2010, а наддавањето ќе се одржи на 20.05.2010.


Министерството за транспорт и врски во општината Аеродром продава и парцела од 2.225 метри квадратни, со намена Б4 (деловни простории), лоцирана на аголот од булеварот 3-та Македонска Бригада и Извадок од ДУП Мичурин – урбана единица Аулицата Фрањо Клуз. Според деталниот урбанистички план „Мичурин – урбана единица А“, објектот може да има приземје, еден спрат и поткровје, однодно максимум 7,2 метри висина до венец. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен, а пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 05.05.2010. Јавното наддавање ќе се одржи на 13.05.2010.