Претходна статија
По Скопје и Струмица ќе воведува зонско паркирање
Следна статија
Меркатор не се откажува од трговскиот центар во Карпош

Отворен вториот супермаркет на Туш во Велес

Објавено на 28.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Големиот словенечки трговски ланец Туш денес го пушти во употреба својот втор супермаркет во Велес и четврти во Македонија. Објектот се наоѓа во западниот дел на градот и располага со бруто површина од 2.700 метри квадратни и продажен простор од 1.500 метри квадратни. Супермаркетот вработува 32 лица, а нуди над 14.000 артикли. Покрај тоа во рамките на центарот функционира и аптека, продавница за електроника и бела техника, продавница за уредување на ентериер, како и игротека со кафуле. На купувачите на располагање им стои бесплатен паркинг со капацитет за 80 возила.


Туш веќе десет години по ред е најбрзорастечко претпријатие во Словенија, а забрзано се шири и во регионот. Во Македонија ги отвори вратите на своите први три супермаркети во Штип, Куманово и Велес во 2008 година. Во наредните пет години Туш планира да има вкупно 20 супермаркети во земјава и да биде застапен во сите поголеми градови. Моментално во тек е изградбата на маркет во Прилеп.



Галерија:


# # # # # # # # # # # # # # # # # # # # #