Претходна статија
„Текнохосе“ влегува во Бунарџик
Следна статија
Продадена локација за хотел во Аеродром

Мал Ринг сепак под лупа на Уставниот суд

Објавено на 19.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Откако кон крајот на април Уставниот суд го одложи решението во врска со иницијативата на архитектот Мирослав Грчев, на денешната седница беше одлучено да се поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Деталниот урбанистички план Мал Ринг. Спорна е фазата која претходеше на усвојувањето на последните измени на ДУП-от од страна на Општина Центар. Уставните судии се сомневаат дека не е испочитувана процедурата предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно дека Советот на општината одлуката ја донел по скратена постапка, иако во законот таквата можност беше претходно укината. Општина Центар го усвои планот на 29.01.2010, а донесување на урбанистички план по скратена постапка е оневозможено со измените на законот од јули 2009 кои влегоа во сила на 31.12.2009. Доколку Уставниот суд пресуди дека е прекршена уставноста и законитоста при носењето за ДУП-от, Општина Центар ќе треба да спроведе нова постапка со запазени процедури и рокови.



Форумска дискусија за ДУП „Мал Ринг“ » овде