Претходна статија
Бигорскиот Манастир ќе се подигне од пепелта
Следна статија
Над 100 милиони евра за изградба и реконструкција на објекти од здравството

Подновени „флотите“ на приватните градски превозници

Објавено на 27.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавниот автобуски превоз во Скопје после долго време конечно се подобрува преку осовременување на возниот парк. Приватните превозници решија да ги искористат поволните услови за увоз на половни возила и спремно да ја дочекаат конкуренцијата од новите автобуси на ЈСП кои треба да почнат да пристигнуваат од септември.


„Слобода Превоз“ моментално располага со 203 автобуси од кои веќе една четвртина, односно 46 се новоувезени половни автобуси од реномирани европски производители. Доминира моделот Mercedes O 405 од кој се набавени 24 примероци, потоа DAF/DAB 8 примероци, DAF Berkhof 6 примероци, MAN A21 4 примероци и 4 автобуси кои се призводство на Volvo. Возилата се со година на производство помеѓу 1995 и 1999 и со ценовен распон помеѓу 20.000 и 30.000 евра.


Од „Слобода Превоз“ велат дека на ваков начин планираат комплетно да го променат возниот парк, но дека рокот зависи од понудите за кредитирање. Новите автобуси во целост ги исполниле нивните очекувања, а и реакциите на патниците биле многу позитивни. Како единствена причина која досега ги спречувала да преземат ваков чекор ја наведуваат претходната регулатива која наметнувала крајно неповолни услови за увоз на половни возила.


И „Макекспрес“ ја освежува својота „флота“. Од Германија се набавени 30 половни автобуси од марките Mercedes, MAN и Neoplan и со мотори евро 2, евро 3 и евро 4. Со ова „Макекспрес“ поднови 30 проценти од својот возен парк, а доколку се продолжи рокот за увоз најавуваат дополнителни 30 проценти.



Дел од увезените автобуси на „Слобода Превоз“

(Благодарност до „Слобода Превоз“ за обезбедените фотографии)

### ### ### ###




Форумска дискусија за возниот парк на приватните автобуски превозници во Скопје » овде