Претходна статија
Профункционираа велосипедските пунктови во Скопје
Следна статија
Мал Ринг на повторна јавна презентација и анкета

Продадено земјиште спроти ТЦ Бисер за 600 евра за метар квадратен

Објавено на 28.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#За парцела со површина од 5.475 метри квадратни во општината Аеродром, државата ќе инкасира нешто над 3 милиони евра, односно речиси 600 евра по квадрат. Парцелата се наоѓа на булеварот Јане Сандански, директно од спротивната страна на трговскиот центар „Бисер“. Според  Деталниот урбанистички план „Јане Сандански – урбана единица В“ (усвоен на 29.03.2010) таму е предвидена голема трговска единица со приземје и седум ката и најголема висина до венец од 28,4 метри. Бруто развиената површина на објектот е ограничена на максимални 20.000 метри квадратни.


Почетната цена на јавното наддавање кое се одржа денес изнесуваше 6.000 денари за метар квадратен, а најповолен понудувач беше ДДУТ „Сити плаза“ ДОО Скопје, која понуди 36.000 денари. На наддавањето учествуваа и „Тинекс“, „Рамстор“, „Кам“, како и едно физичко лице. Од „Сити Плаза“ соопштуваат дека проектот е веќе подготвен и дека трговскиот центар кој ќе биде македонско-турска инвестиција ќе никне најдоцна за 36 месеци. Во проектот се вклучени и 500 паркинг места.


Ова беше трета лицитација за ова земјиште. Првиот обид за продажба се случи уште на почетокот на 2008 година, кога непосредно после расчистувањето на теренот кое го спроведе тогашниот градоначалник на општината, Кирил Тодоровски, Министерството за транспорт и врски објави оглас со почетна цена од 25.000 денари за метар квадратен. Пред објавата на третиот оглас беше корегиран урбанистичкиот план и површината на парцелата беше намалена за околу 10%.