Претходна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Комплетирана лавовската стража на мостот „Гоце Делчев“
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“

Се отвара новиот „Веро центар“ во Скопје

Објавено на 31.08.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Вечерва во Скопје свечено се отвара новиот „Веро центар“. Објектот е со површина од 40.000 метри квадратни и е најголемиот трговски центар од затворен тип во земјата, речиси двојно поголем од популарниот „Рамстор“. Изградбата траше нешто повеќе од две години иако „Веро“ плацот го купи уште во 2005 година кога на лицитација понуди повеќе од конкурентските „Меркатор“ од Словенија и „Делта“ од Србија. Трговскиот центар на Скопје треба да му го донесе најголемиот супермаркет кој ќе се простира на 5.000 метри квадратни како и продавници на повеќе светски брендови од кои премиерно на македонскиот пазар ќе се претстават грчкиот “Jumbo” и германскиот “New Yorker”. Трговскиот центар свечено ќе го отвори сопственикот и претседател на групацијата „Веропулос“, Никос Веропулос. Веќе од утре, трговскиот ќе биде отворен за сите посетители.

##