Претходна статија
Девет милиони евра за Катастарот
Следна статија
Реконструкција на Коридорот 10 со европски пари

Догодина коцката на патот Радовиш-Струмица ќе замине во историјата

Објавено на 27.09.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во тек е изградба на нова делница на магистралниот пат М-6 помеѓу Радовиш и Струмица во должина од точно 10 километри. Оваа делница која поточно се протега помеѓу селата Сурдулци и Радичево од наредната година треба да го замени стариот пат со фамозната коцка, со што Радовиш и Струмица конечно ќе бидат поврзани со современ пат по целата должина. Од Агенцијата за државни патишта соопштуваат дека во моментов трасата е пробиена околу 95%, завршени се поголемиот дел од земјените работи и започнато е со изведба на клучката Калуѓерица. Исто така изведени се сите потпатници, натпатници и мостови, како и каналите за одводнување.


Вредноста на овој проект е околу 424 милиони денари, односно речиси 7 милиони евра, средства обезбедени од државниот буџет. Изведувач е хрватската „Ингра“, а надзорот го врши Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии (ЗИМ Скопје). Изработувач на техничката документација е „Балкан консалтинг“ од Скопје.


Со пуштање во употреба на новиот магистрален пат, стариот ќе продолжи да се користи како регионален. Претходно, во 2006 година беше пуштена во сообраќај новата делница Радовиш – Сурдулци долга 4,56 километри, која исто така претставуваше проблематичен сегмент на магистралниот пат. Градежните работи на тој проект ги изведе градежното претпријатие „Пелагонија“. Просечниот сообраќај (ПГДС) на патот Радовиш – Струмица оваа година изнесува 2.923 возила дневно.



Делницата Сурдулци – Радичево се протега од стационажа km 42+700 до стационажа km 52+700 на магистралниот пат М-6


Позначајни објекти на делницата:

– клучка Калуѓерица (km 45+113)

– клучка Радичево (km 51+562)

– 6 мостови

– 2 подпатници и 1 надпатник

– канали и објекти за одводнување


Галерија:

Почеток на трасата кај Сурдулци## ### #Армирано-бетонска заштита на наводителни цевкиИзработка на подобрена постелка Изработка на тампонски слој km 49+500Монтажни носачи (Мост Радичево)Асфалтирање