Претходна статија
Владата го усвои Предлог законот за третман на дивоградбите
Следна статија
Споменик за Карпалак кај новиот кружен тек во Прилеп

Презентација на можностите за инвестирање во општина Аеродром

Објавено на 18.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Пред голем број заинтересирани стопанственици и потенцијални инвеститори, денес во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје беше одржана презентација под мотото „Општина Аеродром – вистинското место за Вашите инвестиции“. Со помош на 3Д визуелизации беа пртставени повеќе детални урбанистички планови и можностите за инвестиции кои ги нудат тие, како и позначајните инвестиции во општината кои се во тек на реализација.


Инвеститорите имаа можност да добијат поцелосна слика за главните локации на кои е предвидена или е отпочната изградба на нови објекти, меѓу кои десетици станбени и деловни објекти, комерцијални комплекси административни и резиденциски објекти, болница, хотели, повеќенаменска спортска сала, забавен парк, затворен базен, сала за зимски спортови и други објекти.


Ивица Коневски, градоначалникот на општината, истакна дека Аеродром нуди низа поволности за инвеститорите, како висока урбанизираност, добра инфраструктура, слободни атрактивни локации и плаќање на комуналната такса на рати. Од настанувањето на општината во 2004 година до денес, во Аеродром се усвоени повеќе од 20 нови ДУП-ови.