|
![]() |
|
Бизнис со недвижности |
|
Post Reply
|
Page 123 5> |
| Author | |||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#1 Topic: Бизнис со недвижностиPosted: 19-Aug-2010 at 11:10 |
||||||
|
НИТУ ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА НЕДВИЖНИОТ ПАЗАР НЕ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ
Странците што купиле имот се бројат на прсти Можноста странци да купуваат имот на Македонија не и донесе инвестиции. Странските компании или граѓани што купиле стан или градежно земјиште од лани, кога им се даде можност со либерализацијата на недвижниот пазар, досега практично се бројат на прсти. И градоначалниците и агенциите за недвижности го делат истиот став, дека отворањето на недвижниот пазар за европските државјани не го дало очекуваниот ефект. Причината за малиот интерес ја лоцираат во нестабилната политичка клима во земјава, деловниот амбиент и во економската криза. Во Скопје, кој се сметаше за атрактивен за странските државјани, агенциите за недвижен имот велат дека пазарот е во стагнација. - Ниту македонските граѓани не купуваат станови, а не, пак, странците. За да се обезбедат само документи за градба, се чека со години. Со даночните олеснувања во Бунарџик не може да и се конкурира на Владата. Од друга страна, и да сака некој инвеститор да гради згради нема соодветни плацови, а имотно-правните односи не се решени - вели Сашо Поп Илиевски, сопственик на агенцијата за недвижности „Хепинес“. Желбата на странските државјани да поседуваат имот во туристичките центри Охрид и Струга не се разликува од ситуацијата во метрополата. Всушност, според градоначалникот на Струга, оваа општина е меѓу ретките каде што стан си купиле тројца Холанѓани, а двајца Бугари си го откупиле имотот на фирмите. - Потребно е да се либерализира пазарот на недвижен имот не само за европските државјани туку и за земјите од соседството - изјави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Според Билјана Панески од агенцијата за недвижности „Видра“ од Охрид, либерализацијата на недвижниот имот не ги дала очекуваните ефекти во тоа туристичко место. Цената на еден квадратен метар на становите во главниот град се движи од 850 евра во приградските места до 1.400 евра во центар. Во Охрид еден квадратен метар чини од 600 евра, па нагоре. Во источна Македонија, на пример во Струмица, цената на становите е до 700 евра за еден квадратен метар. Иако таму недвижностите се речиси двојно поевтини, од странците нема никаков интерес за овој регион. - Најчесто имот купувале фирми што веќе се присутни во Струмица. Мерката ги олеснува процедурите, но интерес нема. Инвеститорите стравуваат од неизвесната иднина - посочува Зоран Заев, градоначалник на Струмица. Со измени на Законот за сопственички и други стварни права власта им овозможи на странските правни и физички лица да купуваат имот и градежно земјиште во Македонија. Владата очекуваше мерката да го раздвижи пазарот и да се зголемат странските инвестиции. - Источниот регион како најнеразвиен не е интересен за странците - вели Зоран Дамјановски, кумановскиот градоначалник. Вистински бум се случува на недвижните пазари во земјите од опкружувањето. Во соседна Бугарија 30.000 Британци купиле имот. Источниот сосед се наоѓа прв на листата на руските државјани што купуваат имоти надвор од матичната држава. Цел на руските милијардери, но и на славните личности, е и црногорското крајбрежје. Приходите што овие земји ги инкасирале од продажбата на имот се бројат во стотици милиони евра. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2099&ArticleID=146804 |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Moderator Group
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8268 |
Quote Reply
#2 Posted: 02-Aug-2010 at 01:59 |
||||||
|
Епааа мора некогаш да пукне балонот. Се надуваа со цените до даска и сега не купуваат луѓе. Па и да има пари не е будала да даде толку, поскапо од европски метрополи, ќе почека. И прикаски за мали деца за влезна врата дека влијае на цена на станот е во најмала рака навреда и потценување кон читателот.
И една друга работа. Елитен стан, не е никаква класа или категорија на стан, него се станови во кои се очекува да живеат луѓе од некаква си елита, а самиот збор елита е нормално да се врзува со пет-шест отсто. Така да кога ќе кажат дека само мал број граѓани успевале да обезбедат "елитен" стан, тоа е исто како да кажале дека има луѓе во Македонија што земаат потпросечна плата или нешто слично сувопарно, фразерски, без два грама основна математика. И ова треба да е некакво "новинарство"?! |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#3 Posted: 30-Jul-2010 at 17:48 |
||||||
|
ГРАДЕЖНИЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПРОДАДАТ ПРОСТОР СО ГОЛЕМА КВАДРАТУРА
Граѓаните немаат пари за големи станови
Елена Костовска |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#4 Posted: 28-Jun-2010 at 15:58 |
||||||
|
Крушево веќе не живее само за Илинден
За последната една и пол година во градот се продадени стотина куќи, што за три-четири пати ја покачи и цената на квадратот ПКрушево бележи драстично зголемување на прометот на недвижности. За
последната една и пол година во градот се продадени стотина куќи, што за
три-четири пати ја покачи и цената на квадратот. Ако претходно, куќа со
подрум и два ката, со површина од 90 до 120 квадратни метри корисна
површина, можеше да се најде и за десетина илјади евра, сега за иста
таква куќа, во зависност од локацијата и, нормално, староста и
состојбата, треба да се издвојат од 40 до 50 илјади евра. Младите си заминаа Нови викенд-населби Подготовките при краj http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B53C1FD7014D3249A11119C9EB0CEA67 |
|||||||
![]() |
|||||||
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008 Location: orange countRy Online Status: Offline Posts: 2293 |
Quote Reply
#5 Posted: 25-Jun-2010 at 18:03 |
||||||
Да бе, и цела Америка така мислеше во 2007-2008, па видовте што ни се случи во 2009 и уште се случува! Не ќе да слушнале за real estate bubble. |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#6 Posted: 25-Jun-2010 at 17:28 |
||||||
|
АКО СЕ РЕШИ СПОРОТ
ЗА ИМЕТО
Становите ќе поскапат Во 2008, кога се прогнозираше влез на Македонија во НАТО, становите поскапеа за 30 насто, а после тоа не поевтинија. Агенциите за недвижности тврдат дека и решавањето на спорот со името ќе резултира со скок на цената на недвижностите, но велат дека е рано да се прогнозира за колку Становите во Македонија нема да поевтинат, само
уште повеќе ќе поскапуваат, тврдат од Групацијата на
градежници во Стопанската комора на Македонија и од
агенциите за недвижен имот. Како главна причина за скокањето
на цената на квадратниот метар, тие го посочуваат
евентуалното решавање на спорот за името со Грција и
влегувањето на Македонија во ЕУ, и потсетуваат дека
становите последен пат драстично поскапеле за дури 30 насто
во 2008 година, пред самитот на НАТО во Букурешт.
Зголемувањето на цената, велат тие, зависи и од цената на
градежните материјали, работната рака и скапите локации
за градба. "Ако се решат овие два многу важни проблема за Македонија, цената на недвижниот имот сигурно ќе се зголеми, но сe уште е рано да прогнозираме за колку", ни рекоа агенти од агенциите за недвижен имот што ги контактиравме вчера. Никола Велковски, претседател на Групацијата за градежништво во Стопанската комора на Македонија, вели дека помина времето кога можеше да се купи евтин стан. "Понудата на пазарот на недвижен имот е ограничена, локациите за градба се неквалитетни, а скапи, поскапи се материјалите за градба и работната рака. Кога сето ова ќе се собере, на крај излегува дека цената, иако за наши услови е висока, сепак, е реална", вели Велковски. Тој објаснува дека најголем проблем кој ја пумпа цената на недвижниот имот во Скопје се локациите за градба. Најчесто тоа се градежни парцели кои се во нечија сопственост и инвеститорот за да гради на нив, мора дебело да ги плати. "Земјиштето за градба учествува со 200 до 400 евра по квадратен метар во крајната цена на изградениот квадратен метар во зграда. Уште толку пари одат за материјали и за работна рака, и со 150 евра за комуналии се стигнува до околу 1.000 евра трошоци, на што инвеститорот додава уште неколку стотици евра чист ќар", вели Велковски. Сега цените на квадратен метар во новоградба во Скопје, во зависност од локацијата, се движат од 900 до 1.400 евра. Становите се најевтини во населбата Ѓорче Петров, а најскапи во Центар, кај Универзална сала. По цена од околу 1.000 евра сe уште може да се најде стан во градба во Кисела Вода. Слични се цените и во Охрид, кој важи за најголема туристичка дестинација во државава. Таму квадратниот метар се движи од 800 за периферните населби, до дури 1.300 евра во центарот на градот. Во останатите градови во Македонија квадратниот метар е на половина цена од скопската и од охридската, а прогноза е дека таа може да се зголеми најмногу за 10 насто. И.Смиљанска Старите станови во Скопје поскапи од новите Чистите имотни листови, добрите локации и поквалитетната градба сe уште ја држат висока цената на старите станови во Скопје. Во старите згради во населбите Карпош 1, 2 и 3, во Градски ѕид и во Аеродром становите се нудат по цена од 1.100 до 1.250 евра за квадратен метар. Ако се реновирани, многу често се случува тие да се поскапи и од новоградбите, а на листите на агенциите може да се најдат и такви за кои се бараат дури и по 2.500 евра за квадратен метар (во строгиот центар на Скопје, во Градски ѕид). Најмногу се продаваат мали станови Моментно најбарани и најпродавани се становите од 40 до 50 квадратни метри. Оваа квадратура е најприфатлива за купувачите, бидејќи сумата која треба да ја платат не е многу голема и најчесто веќе имаат обезбедено барем третина или половина од парите, а за останатиот дел бараат банкарски кредити кои полесно може да ги отплаќаат. Секогаш се купува недвижен имот Стан се купува во секое време, бидејќи е најкапитална инвестиција, велат од агенциите за недвижен имот. Од таму објаснуваат дека недвижнините секогаш се најсигурна опција за вложување пари. "Ниту берзата ниту банкарските камати се толку сигурна инвестиција како инвестирањето во куќа, стан, земјиште или во деловен простор. На берзата може да има катастрофални потреси, а чувањето на парите во банка, иако е примамливо поради зголемените камати на депозитите, не е сигурно, бидејќи банките даваат гаранција само со 10.000 евра", советуваат агентите од агенциите за промет со недвижен имот. Оттаму објаснуваат дека имотот и да е купен на кредит, со него може да се отплаќа една месечна рата, ако се издаде под наем. Исто така, може и добро да се заработи ако се чека да му се зголеми вредноста. http://www.vest.com.mk/?ItemID=8E13A4CE24A22942983927B6202B33F4 |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew
Moderator Group
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 8268 |
Quote Reply
#7 Posted: 24-Jun-2010 at 01:54 |
||||||
|
Токму ова баш е здрава економска логика кога деловниот пазар достигнува цени логични за пазарот. Од толку што сме заглавени со една нога во пазарно општество, а со друга нога во планирана "економија", сега некои луѓе со методи непознати за пазарно општество се обидуваат да планираат економија па слободно констатираат или испорачуваат барања до јавноста да се намалела цената на квадратот во центар. Па што мора да биде во центар, нека земе попериферно ако има толку средства. Кога останал дуќан во центар празен, никогаш. Значи има некој што му одговараат тие цени. И сега вака покрај една минимална здрава економска логика во овој наш хибриден економски систем и кога пазарот малку профункционирал, се наоѓа некој тоа го толкува како аномалија. Сакаме пазар, ама не признаваме пазар зашто сите сметаат дека им припаѓа природно правото да имаат дуќан во центар. Секој има право да има можност да има дуќан во центар, ане да има дуќан туку така.
За деловен простор во центарот имав јас и еден друг предлог од пред некое време.
Edited by lslcrew - 24-Jun-2010 at 01:58 |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 7659 |
Quote Reply
#8 Posted: 23-Jun-2010 at 21:42 |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#9 Posted: 26-May-2010 at 17:02 |
||||||
Цените на становите пораснале за 50 отсто во изминатава деценија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52610853452&id=10&prilog=0&setIzdanie=21991 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#10 Posted: 22-May-2010 at 17:49 |
||||||
Зголемен интерес за новоизградени станови во ОхридАвтор: Марија Илиќ 22 мај 2010, 13:22 Извор: Макфакс Во екот на економската криза која владее низ целиот свет, охридските градежни фирми работат како никогаш досега. Пред самиот почеток на летната сезона, во централното градско подрачје во Охрид, постојано никнуваат нови градби. Според пишувањето на Охрид њуз, иако новоизградените објекти се во експанзија не може да се каже дека градежната индустрија е во подем бидејќи во последната деценија, само неколку градежни компании можат да се пофалат со континуирано работење. За новите станови во Охрид, кај охриѓаните нема голем интерес и купувачите се претежно од внатрешноста на Македонија. Во централното градско подрачје за ново изграден стан ќе треба да одвоите од 1.150 до 1.300 евра за метар квадратен, додека старите станови се продаваат по цена од 850 – 1000 евра за метар квадратен. На местото на урнатиот хотел Парк ќе се градат апартмани за кои, неофицијално, цената за метар квадратен ќе се движи од две до три илјади евра./крај/он/ми http://www.makfax.com.mk/#108251 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#11 Posted: 10-May-2010 at 13:35 |
||||||
|
ВО ПЕРИОД ОД СЕДУМ ГОДИНИ
Становите поскапеле за 47 насто Становите во периодот од 2000 до 2007 година поскапеле за 47 насто. Ова го покажува индексот на цените на недвижности, кој Народната банка за првпат го конструира. Користен е хедонистички метод, кој се однесува на цените на становите во Скопје, за периодот од 2000 до 2007 година. - Со ова за првпат е создадена можност конкретно да се согледаат движењата на цените на становите кај нас - образложуваат истражувачите на НБМ. Резултатите од конструираниот индекс покажуваат дека тоа е таканаречена чиста промена на цените, на кои не влијае промената на нивните карактеристики. Најголем пораст имало до 2003 година, а стагнација имало меѓу 2004 и 2006 година. Во текот на 2007 година имало силен пораст на цените на становите. Со истата техника конструиран е и индекс на рентите, според кој, кириите на становите во државата во периодот од 2000 &“8211; 2007 година се зголемиле за шест насто. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2017&ArticleID=140407 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#12 Posted: 05-May-2010 at 18:36 |
||||||
|
Бројот на издадени
одобренија за градење во март 2010 година
зголемен за 10.5%
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2010 се издадени 295 одобренија за градба што е за 10.5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 197 386 илјади денари што е за 31.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 180 (61.0%) се наменети за објекти од високоградба, 53 (18.0%) за објекти од нискоградба и 62 (21.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 295 објекти, на 181 (61.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 објекти (38.6%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 248 станови со вкупна корисна површина од 24 566 м2. http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#13 Posted: 04-May-2010 at 19:26 |
||||||
Се градат двојно помалку станови од побарувачкатаИзградбата на станови во
Македонија покрива само половина од побарувачката.
На годишно ниво во земјава се градат од 5.000 до 5.500
станбени единици додека анализите на Стопанската комора покажале дека
реалната побарувачка се движи до 10.000 станови годишно.
Овој податок може да одговори на прашањето зошто станбен квадрат во
Скопје достига цени како во некои западно - европски престолнини.
Владата привремено го намали данокот на додадена вредност на
становите од 18% на 5% како антикризна мерка која ќе го заживее
градежништвото и ќе го поевтини станбениот квадрат.
Во меѓувреме и самата инвестира во изградба на социјални, армиски и
комерцијални станови со цени под пазарната, но нејзиниот удел е премал
за да влијае на генералните цени. Градежните компании бараат намалениот
ДДВ да остане. Во спротивно ќе се градело уште помалку заради трендот
на поскапување на градежните материјали.
Стопанската комора пак најавува поинаква ситуација на теренот и
очекувања за зголемена градежна активност годинава.
- Договорените градежни работи во првите два месеца од 2010 бележат
тренд на зголемување од околу 47%, споредено со првите два месеца од
2008 година - рече Јадранка Аризанковска, Стопанска комора.
Последната статистика вели дека просечната цена на квадратен метар
во Скопје била 923 евра без ДДВ или само 1% помалку од годината пред
тоа.
Светските агенции за рангирање на приходите од недвижен бизнис го
ставаат Скопје меѓу најпрофитабилните места во светот за продажба и
изнајмување на станбен простор. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/se-gradat-dvojno-pomalku-stanovi-od-pobaruvachkata
|
|||||||
![]() |
|||||||
SkyBoy
Senior Member
Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 743 |
Quote Reply
#14 Posted: 25-Apr-2010 at 00:57 |
||||||
|
ПОСКАПЕА ГРАДЕЖНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ
Новите станови ќе имаат повисока цена Елена Костовска |
|||||||
![]() |
|||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 7659 |
Quote Reply
#15 Posted: 23-Apr-2010 at 00:09 |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 6523 |
Quote Reply
#16 Posted: 17-Apr-2010 at 16:42 |
||||||
Точно така Мах, патот е фактор и освен првиот ред куќи покрај главниот пат имам впечаток дека другите мака мачат (веројатно и ИО може да сподели нешто како тој стига до неговата куќа која е повнатре зимно време). |
|||||||
![]() |
|||||||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply
#17 Posted: 17-Apr-2010 at 15:41 |
||||||
|
уф ако се наоѓа нешто за 25 евра тоа е топ, но како што кажа зависи каде! претпоставувам фактор плус е и урбанизацијата, дали има асфалтиран пристапен пат, кој по логика на нештата е обврска на општината, но бидејќи општината каска на овој план воедно и цената паѓа, исто сега е поволен момент заради секнатата светска економија, та и затоа се интересирам колку навистина се исплати сега да се инвестира таму во плац кој подоцна би се распродал поповолно! исто ме интересира доколку некој има абер колку одат сега плацевите накај горно нерези, претпоставувам тука урбанизација сеуште не допрела!? |
|||||||
![]() |
|||||||
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 6523 |
Quote Reply
#18 Posted: 17-Apr-2010 at 13:10 |
||||||
|
Мојот плац е праисториски и цените по кои земен одавна не кореспондираат со реалноста.
Колку точно беа во 2005 година цените незнам но знам дека Сончев град ги набилда до околу 100ЕУР/квадрат. Денеска колку што следам може да се најде пристоен плац од 25-50ЕУР/квадрат, во зависност од позиција, дали е поврзан на водовод, дали има струја и сл. |
|||||||
![]() |
|||||||
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 1106 |
Quote Reply
#19 Posted: 17-Apr-2010 at 02:05 |
||||||
|
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=63055#63055 а кога веќе ја свртевте на сопиште, колку беа цените на квадрат земја во 2005 а колку се сега!? знам припор заминаа апла угоре од 7 евра сега на над 100 евра, додека сопиште мислам сеуште ситуацијата е во нормала бар додека не го кренат сончев град!? |
|||||||
![]() |
|||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 1148 |
Quote Reply
#20 Posted: 09-Apr-2010 at 16:17 |
||||||
Бројките велат - низок старт, теренот – градежна експанзијаБројот на издадени одобренија за градба во февруари годинава изнесува 212. И, во однос на февруари лани, тоа претставува намалување од девет проценти, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика. Од вкупно издадените одобренија, дури 159, или 75 отсто, се наменети за објекти од високоградба, 16 или 7,5 отсто се за нискоградба, а 37 или 17,5 отсто за реконструкција. Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење изнесува над 32 милиони евра, што е за 12,5 проценти повеќе во однос на февруари минатата година. Од вкупно 212 објекти, кај 175 од нив, или 82,5 отсто, инвеститори се физички лица, а кај 37 или 17,5 отсто - деловни субјекти. Предвидена е изградба на 300 станови, со вкупна корисна површина од 26.531 квадратен метар. Ваквите податоци укажуваат на бавен почеток на градежната сезона. За разлика од лани, кога во време на криза имаше поголема градежна активност, првите два месеци од годинава се издадени значително помал број дозволи за градба. Така, во првиот месец од годинава издадени се за 34 отсто помалку дозволи во споредба со истиот месец лани, а во февруари за девет проценти помалку од лани. Наспроти ова, на терен постојано се гради. И тоа, најмногу станбени објекти кои се најбарани. Ваквите состојби за познавачите претставуваат почеток на градежна експанзија, бидејќи на терен веќе чекаат голем број проекти за реализација. Само во февруари почнале да се градат 300 нови станови, а вкупната вредност на објектите за кои се издадени дозволи во овој месец е проценета на 32 милиони евра. Во тек е и изградба на социјалните станови кои ги гради државата, односно станува збор за вкупно 37 згради, а се градат и станови за припадниците на Армијата. Министерството за транспорт речиси секој ден на јавно наддавање распродава државно земјиште. Целта на ваквата брза продажба на државното земјиште е да се влијае врз намалување на цената на станбениот квадрат. Но, експертите велат дека оваа акција ќе влијае само на раздвижување на градежниот бизнис и на ангажирање поголем број градежни работници, но не и на намалување на цената на квадратот. Сепак, според градежниците процедурата за добивање градежна дозвола се уште е комплицирана, а проблем претставуваат бавната општинска администрација и големиот број детални урбанистички планови, кои се уште не се донесени во некои општини. Иако на пазарот за недвижности расте побарувачката за станови, градежните компании ги мачат истите проблеми кои минатата година ја кочеа градежната експанзија. Покрај спорото издавање на документацијата од општините и недостигот од земјиште за градба, еден од постојаните проблеми во секторот се задоцнетите плаќања од страна на клиентите и зголемените финансиски трошоци на компаниите. Градежниот бизнис веќе долго време е во стагнација. Државниот завод за статистика речиси секој месец минатата година регистрираше пад на градежните работи дома и во странство. Останува да видиме дали годинава ќе заврши негативниот тренд во градежништвото. http://www.biznis24.com.mk/node/7172 |
|||||||
![]() |
|||||||
Post Reply
|
Page 123 5> |
| Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |